Белорускиот репрезентативец Иван Мацкевич во полусезоната го смени клубот. Доскорешниот голман на АЕК Атина се врати во татковината и одново ќе го брани голот на Мешков Брест.
Левото крило Елма Халичевиќ го продолжи договорот со данскиот Оденсе до 2027 година. Данската репрезентативка дојде во Оденсе во летото 2023 од составот на Никобинг.
Данскиот тим Бјерингбро Силкеборг ја продолжи соработката со кружниот напаѓач Рене Тофт Хансен. Тој ќе остане во Силкеборг до 2025 година, а тоа ќе му биде петта сезона во овој тим по враќањето од Бенфика.
Кружниот напаѓач Стефан Шапоњиќ е ново засилување за тимот на Партизан за продолжението од сезоната. Шапоњиќ е искусен пивот, кој има забележано настапи за Динамо Панчево, Црвена Ѕвезда, Обилиќ, Нови Пазар и Уб.
Бундеслигашот Гепинген на лето ќе ги промени двата пикери, Крешимир Козина и Вид Потеко. На нивот место доаѓаат Данецот Виктор Клове и Швеѓанецот Лудвиг Остјом, а двајцата заедно во моментов играат за шведскиот Кристијанштад.