ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци против најбогатиот клуб пред полна сала

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер откако со победа над Вардар го започна вториот дел од домашниот шампионат, денеска им се враќа на своите задачи во Лигата на шампионите.

Битолчани во спортска сала „Боро Чурлевски“ во натпревар од 11. коло од европската елита ќе бидат домаќини на силниот ПСЖ.

Францускиот клуб во досегашниот тек од сезоната оствари пет победи, едно реми, но и четири порази во групата А.

Избраниците на екс тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, со евентуална победа над Еурофарм Пелистер би ги зголемиле шансите за освојување на првото место во групата.

Пелистерци досега немаат бодови, а дуелот со „светците“ е нов шанса за првите бодови во ЛШ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.

Денеска ќе има уште три натпревари од Лигата на шампионите, најинтересно се очекува да биде во Полска каде што Келце ќе го пречека германскиот првак Кил.

Барселона ќе гостува кај ГОГ, додека Монпелје за ривал го има тимот на Целје, кој исто како и Еурофарм Пелистер не успеа да освои бод во првиот дел од сезона.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 ЗАЛАУ – ДУНАРЕА БРАИЛА (РОМАНИЈА)
16:00 ТОЉАТИ – ЦСКА (РУСИЈА)
16:30 ГЛОРИЈА – БРАШОВ (РОМАНИЈА)
17:00 РАПИД – КРАЈОВА (РОМАНИЈА)
17:00 РОСТОВ – КРАСНОДАР (РУСИЈА)
17:00 ЧЕРНОМОРОЧКА – АСТРАХАНОЧКА (РУСИЈА)
17:15 НАЕРБО – ХАЛСУМ (НОРВЕШКА)
18:00 ЗУБРУ – СТРАКОНИЦЕ (ЧЕШКА)
18:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПСЖ (ЛШ)
18:45 ГОГ – БАРСЕЛОНА (ЛШ)
18:45 КЕЛЦЕ – КИЛ (ЛШ)
19:00 АЛИНГСАС – ХАЛБИ (ШВЕДСКА)
19:15 ЕЛВЕРУМ – АРЕНДАЛ (НОРВЕШКА)
20:00 БРЕСТ БРЕТАЊ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)