Тоа што го најави 24Ракомет пред два дена, денеска доби официјализација од Шпанија – Димитар Димитриоски останува во Ваљадолид.
Некогашниот член на Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер 2, ја продолжи соработката со шпанскиот тим.
„Среќен сум што го продолжив договорот со Ваљадолид и ќе продолжам да играм тука. Се чувствувам како да сум овде веќе пет или шест години, па тоа беше еден важен факт за да решам да останам каде што сум среќен. Вториот дел од сезоната ќе биде многу важен за нас, сакаме да одиме чекор напред и ќе се бориме против сите тимови на сите натпревари“, изјави Димитриоски.
Тој постигна 77 погодоци на 39 натпревари што ги има одиграно досега во овие една и пол сезона.
Одличните партии вродија со плод: Димитриоски продолжува со Ваљадолид!