Македонија ќе гостува на Канарските Острови

Шпанската федерација го избра градот Ланцароте за домаќин на натпреварот меѓу Шпанија и Македонија од квалификациите за ЕП 2024 година.

Се работи за остров кој е дел од Канарските Острови, до кој од Барселона се патува повеќе од три часа со авион и патувањето до таму ќе биде сложено.

Натпреварот меѓу Шпанија и Македонија се игра на 3 март од 17:00 часот, а претходно е дуелот во Скопје на 29 февруари што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.

Селекторот Кристијан Грчевски објави поширок список од 35 ракометарки, а скратениот список ќе следува наскоро.

Македонија во првите две кола оствари две победи против Азербејџан и Литванија, па со една нога веќе е пласирана на Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија.

Поширок список – еве кои 35 ракометарки се во комбинација за двомечот со Шпанија