Ракометарите на Охрид втората фаза од подготвителниот период за вториот дел од сезоната моментално ја одработуваат во соседна Грција.
Избраниците на Стевче Алушовски откако славеа на првиот пријателски меч против Дукас со 32:30, денес ја забележаа втората победа на грчката турнеја.
Охриѓани беа подобри и од АЕК Атина, кој за оваа сезона атакуваше на добар пласман во Лигата на Европа, но безуспешно го заврши натпреварувањето во европски рамки.
Охрид пријателскиот дуел против АЕК Атина го доби со два гола разлика, 31:29 (17:17) и покажа дека се наоѓа во одлична форма пред настапот во суперлигашкиот плеј-оф.
Најефикасен во таборот на Охрид беше Деан Шешиќ со шест погодоци, по два помалку постигнаа Владимир Бојаниќ, Гал Цирар и Теимураз Орјоникидзе, додека во листата на стрелци се запишаа и новаците Мацуока и Пелидија.
Средниот бек од Јапонија во голот на АЕК Атина имаше три реализации, а Пелидија зад своето име запиша два погодоци.