Македонскиот шампион Ѓорче Петров денес против Хазена Кинжварт ќе го одигра реваншот дуелот од осминафиналето во Европскиот Куп.
Ѓорчепетровки на првиот натпревар, кој беше одигран во Автокоманда, славеа со три гола разлика, 32:29.
На избраничките на Симе Симовски на денешниот дуел им одговара и реми за да дојдат до четвртфинале во третото по ранг европско натпреварување.
Натпреварот меѓу Хазена Кинжварт и Ѓорче Петров ќе се одигра во „Продукт Арена“ во чешкиот град Чеб со почеток од 18:00 часот.
Правдата на овој дуел ќе ја делат Украинците Руслан Лошак и Анатолиј Новиков, додека делегат ќе биде Викторија Алпаидзе од Летонија.