Норвешката ракометна репрезентација моментално го игра натпреварот против Полска во рамки од првото коло од Европското првенство.
Покрај ракометните возбудувања, почетокот на новата година во норвешкиот национален тим беше одбележан со уште еден убав настан.
Кружниот напаѓач Магнус Гулеруд соопшти дека во април ќе стане татко, па со тоа ги зголеми возбудувањата во норвешката репрезентација.
Во скандинавската селекција се случува вистински “бејби бум“ ако се знае дека Гулеруд ќе биде десетти ракометар кој ќе стане татко, а посебно талична беше минатата 2023 година, во која дури шест норвешки репрезентативци станаа татковци.
Сагосен, Бергеруд, Род, Бјорнсен, Бартхолд и О’Саливен се ракометарите кои во 2023 добија принова, а таа листа, како што претходно напоменавме, ќе ја продолжи Магнус Гулеруд.
Оваа вест секако ќе биде додатен мотив за Норвешка, а посебно за Гулеруд, кој покрај европското злато ќе има додатна мотивација за настап на континенталниот собир.