Тимот на Пролет со денешната прозивка на тренерот Александар Јовиќ и официјално го означи стартот на подготовките за вториот дел од сезоната, во кој тимот ќе се натпреварува во плеј-офот и ќе води битки со најдобрите екипи од македонската ракометна сцена.
Александар Јовиќ пристигна на кормилото на Пролет неколку седмици пред крајот на Супер лигата, а одличниот стратег сега ќе има доволно време за да ги види на дело сите ракометари, но и да помогне за нивна уште подобра физичка подготвеност за периодот што следи.
Планот предвидува во наредниот период да се тренира по два пати дневно, за кондициска подготовка ќе се работи со кондицискиот тренер Мартин Мојсовски, а договорени се и четири контролни средби, по две со градските ривали Вардар и Голден Арт.
На првиот ден од подготовките се појави и новото засилување на Пролет, левиот бек Никола Анакиевски кој пристигна од редовите на Аеродром.