Чешка носи само две крила на ЕП, полскиот селектор ја изненади јавноста

Големо изненадување во полската репрезентација во пресрет на ЕП. Селекторот Марцин Лијевски се откажа од услугите на голманот на Мелсунген, Адам Моравски, и одлучи голот на Полска да го бранат Корнецки и Скриниарз.

Иако Моравски имаше одлични партии на сите пријателски натпревари пред ЕП, сепак Лијевски се откажа од неговите услуги. Покрај него од полскиот ростер поради повреда ќе отсуствува и Осовски, како и Аркадиуш Морито.

Изненадување и во чешкиот национален тим, каде селекторот Хавие Сабате во Германија ќе настапи со само две крила, Јакуб Хрстка и Јакуб Штерба.

Тој последен од сите селектори го објави скратениот список, веројатно не сакајќи да им даде доволно време на ривалите да се подготвуваат за неговите играчи.

Полска ќе биде дел од групата Д и ќе игра против Словенија, Фарски Острови и Норвешка, додека Чешка е во групата Ц со Данска, Португалија и Грција.