Словенечкиот селектор Урош Зорман го скрати уште еднаш списокот пред стартот на Европското првенство.
Тој ќе носи 18 ракометари во Германија, а последниот филтер не го минаа левиот бек Ник Хенигман и десниот бек Тадеј Кљун.
Од претходно Зорман не може да се смета на повредените Блаж Јанц, Рок Овничек, Стефан Жабиќ и Домен Макуц.
Дополнителен повик доби кружниот напаѓач Јернеј Дробеж, кој на линијата ќе биде заедно со Матиц Сухолежник, Kристијан Хоржен и Блаж Благотиншек.
Словенија е во незгодна група со Норвешка, Полска и Фарски Острови.