Репрезентацијата на Исланд со победа ги заврши подготовките за настапот на Европското првенство во Германија.
Исланѓаните во последната фаза од подготовките на двапати тестираа со Австрија, триумфираа и на двата дуели.
Избраниците на Гудјонсон на првиот пријателски меч славеа со 33:28 (19:14), додека денес дојдоа до поубедлива победа од 37:30 (16:16).
Исланд на Европското првенство е во група со Србија, Црна Гора и Унгарија. Австријците за ривали ги имаат Хрватска, Шпанија и Романија.
Шведска, која на континенталниот собир во Германија ќе биде бранител на титулата, на двете контролки против Јапонија постигна над 40 погодоци.
Европскиот првак на првиот дуел ја победи Јапонија со 42:30 (20:13), на вториот составот на Солберг триумфираше со 43:23 (24:12).