Машката сениорска репрезентација на Македонија денес ќе го стартува осмото учество на континенталните собири.
Македонија на Европското првенство во Германија е во група заедно со Франција, Швајцарија и домашната селекција.
Избраниците на Кире Лазаров за прв ривал ја имаат репрезентацијата на Франција, која на претходното Европско првенство заврши на 4. позиција.
Токму со натпреварот меѓу Франција и Македонија ќе биде отворено 16. издание на Европските првенства.
Натпреварот меѓу Франција и Македонија ќе се одигра на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф со почеток од 18:00 часот.
На овој меч ќе биде срушен рекордот по посетеност на еден ракометен натпревар и се очекуваат повеќе од 50.000 гледачи.
ДЕНЕСКА НА ЕП:
18:00 ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА
20:30 ГЕРМАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА