Исландската навивачка армија е спремна да го окупира Минхен во пресрет на настапот на својата репрезентација на престојното ЕП во Германија. Популарните “рибари“ се сместени во групата Ц, заедно со репрезентациите на Србија, Црна Гора и Унгарија и имаат изгледни шанси за добар пласман.
Како резултат на тоа голема е еуфоријата на Исланд во пресрет на ЕП, а според најавите на тамошните медиуми се очекува бројка од 4000 исланѓани да пристигнат во Минхен и да ја бодрат својата репрезентација. Ако се знае дека “Олимпијахале” е со капацитет од 11.000 седишта тогаш несомнено Исланѓаните ќе имаат дополнителна предност на своите натпревари.
Исланд има одличен состав кој се бруси последниве неколку години. Големиот број ракометари кои настапуваат во Бундеслигата, надополнети со легендарниот Арон Палмарсон, и даваат надеж на исландската јавност дека може да се надева на добар резултат.
Најголемиот успех на Исланд на Европските првенства е освојувањето на бронзениот медал на ЕП 2010 година во Австрија.