🔴ВО ЖИВО🔴 Македонија – Швајцарија

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го има вториот предизвик во квалификациите за Европското првенство.

Избраниците на Наум Танески во салата во Автокоманда ќе се сретнат со незгодната селекција на Швајцарија.

По триумфот над Словачка, многу веројатно ќе биде доволна уште победа за Македонија да се најде на ЕП.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе започне од 15:00 часот, а ќе се игра во салата во Автокоманда.

Овој дуел може да го следите на ЕХФ ТВ (ТУКА), а за тоа ќе ви биде потребна регистрација во неколку чекори.