Репрезентацијата на Грузија, која ќе биде еден од дебитантите на Европското првенство 2024, со победа ги стартувааше подготовките за настапот на континенталниот собир.
Составот на Тите Каланадзе на првиот натпревар од турнирот „Трофеј Карпати“ славеше над репрезентацијата на Словачка со пет гола разлика, 32:27.
Грузија во речиси најголемиот дел од натпреварот беше подобриот противник на теренот, на пауза имаше предност од 22:15, додека вториот дел го одработи рутински.
Одлична партија во Грузија имаше членот на Гумерзбах, Гиорги Цковребадзе. Десниот бек беше предводник во победничката репрезентација со десет погодоци.
Членот на Охрид, Теимураз Орјоникидзе, зад своето име запиша две реализации од три обиди.
Грузија на Европското првенство во јануари ќе настапи во група заедно со Шведска, Холандија и БиХ.