Шпанскиот голман Игнасио Биоска по само една сезона престој ќе си замине од унгарскиот гигант Веспрем.
Според француските медиуми, Биоска е на мета на тимот на Нант, кој на голманската позиција има двајца одлични голмани.
Во моментов голот на Нант го чуваат Хрватот Иван Пешиќ и исландскиот репрезентативец Виктор Халгримсон.
Биоска беше дел вториот тим на Барселона, бранеше за Адемар Леон, швајцарскиот Кадетен, како и за полската Висла Плоцк од каде што дојде во Веспрем.