Левиот бек Петар Ѓорѓиќ беше промовиран како ново засилување во српскиот шампион Војводина.
33-годишниот репрезентативец на Србија дојде од португалската Бенфика со која го освои трофејот во Лигата на Европа пред две сезони, а потпиша со Војводина до 2026 година.
Тој е роден во Србија, но никогаш нема играно во татковината. Беше дел од Вецлар, Фленсбург, Хамбург и Мешков Брест пред Бенфика.
„Драго ми е што се враќам да живеам во Србија и да играм европски натпревари. Војводина покажа европска стабилност, ги следев тие настапи и ми се допадна што клубот напредува и покажува амбиции да се носи со најсилните“, вели Ѓорѓиќ.
Војводина во главната рунда од Лигата на Европа ќе игра против Фленсбург и Кадетен, а во групата е уште и данскиот Силкеборг, па нема да има лесно задача да обезбеди место во осминафиналето.