Металург Автокоманда со пеколен финиш ги грабна бодовите од дербито со Куманово

Металург Автокоманда со дерби победа над Куманово, 24-17, го заврши есенскиот дел во Женската лига на третото место на табелата со 33 бода. Судејќи по првото полувреме, кое мина во доминација на домашните, 13-8, сите помислија дека второто полувреме задачата ќе биде уште полесна.

Сепак Куманово покажа дека има квалитет и за момент успеа да се врати во игра. По највисоките плус шест за Металург Автокоманда, 15-9, на стартот на вториот дел имаше голем пад во нивната игра.

Тоа го искористија гостинките. Грујовска имаше неколку одбрани во серија, Величковска и Цветановска реализираа, па на десетина минути до крајот се вратија возбудувањата на теренот, 18-17.

Но и Амра Терзиќ имаше свои моменти на голот на Металург Автокоманда, гостинките промашуваа и грешеа коа беше најмалку потребно и не го направија завршниот чекор кон пресврт.

Куманово последниот гол го постигна во 49. минута за 18-17, а потоа следуваше пеколен финиш на Металург Автокоманда. Одбраната не попушташе, Терзиќ одбрани кога требаше, а во нападот реализираа Гулицоска и Трајковиќ и немаше дилеми дека трите бода остануваат во Скопје.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Гулицоска со седум и Трајковиќ со шест гола, додека кај Куманово погодуваа само четири ракометари меѓу кои најдобри беа Величковска со седум и Ѓошевска со пет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080