- Норвешката репрезентативка Нора Мерк ја продолжи соработката со тимот на Есбјерг за уште две сезони и ќе остане во данскиот претставник во Лигата на шампионите најмалку до 2026 година.
- Словенечкиот среден бек Елизабет Омореги стави потпис на нова соработка со шампионот ЧСМ Букурешт и се обврза да остане во романската престолнина најмалку до 2026 година.
- Десниот бек/крило Михал Дашек ќе остане верен на полскиот вицепрвак Висла Плоцк и во следната натпреварувачка сезона, откако го продолжи договорот до 2025 година. Тој беше стрелец на победничкиот гол во дербито против Келце.
- Левиот бек Михаел Дамгард ќе остане во европскиот првак Магдебург и во следната сезона, откако раководството му понуди нова соработка по одлична полусезона на домашна сцена и во Лигата на шампионите.
- Романскиот шампион ЧСМ Букурешт ја ангажираше голманката на германскиот Битигхајм и бразилската репрезентација, Габриела Морески. Таа се обврза на двегодишна верност.
- Средниот бек на исландската репрезентација и на европскиот првак Магдебург, Јанус Дади Смарасон е нов ракометар на ПИК Сегед. Тој потпиша договор со унгарскиот тим до 2026 година.