Тимот на Брно, каде што настапува македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски е елиминиран во полуфиналето на Купот на Чешка.
Левиот бек беше најдобар стрелец во поразот на домашен терен од силниот тим на Карвина со осум гола разлика 31-23.
Кукуловски на овој меч постигна шест гола и ја продолжи одличната форма и на последниот натпревар оваа година за Брно.
Покрај Кукуловски само уште еден играч на Брно беше расположен за игра – Хироки Мацуока со пет погодоци, за кој ова беше последен меч во Чешка пред преселбата во Охрид.