Ракометарките на Чаир со победа го затворија есенскиот дел од сезоната, откако во 13. коло од Женската лига славеа над Астибо со 45:37 (23:17).
Избраничките на Басри Љатифи без многу проблеми ја обезбедија победата доминирајќи во текот на целиот натпревар.
Гостинките од Штип на моменти имаа блесоци, искусната Анчева беше незадржлива, но тоа не беше доволно за поволен резултат.
Најефикасна на теренот беше членката на Астибо, Марија Анчева, која постигна дури 20 погодоци.
Кај победничката екипа се истакнаа Теодора Дукоска и Стефанија Ѓорѓиевска со по девет погодоци, два помалку постигна Бојана Диневска.