Битолчанки се израдуваа на петтиот триумф

Ракометарките на Пелистер на свој терен го совладаа Спартак со 35:27 во натпревар од 12. коло во Женската лига и дојдоа со петти триумф сезонава.

Битолчанки со денешните освоени три бода ја презедоа 7. позиција на табелата и сега на свое конто имаат 16 бода, заостануваат само на минус три зад Стружанка, која моментално се наоѓа на шесто место.

Гостинките од Скопје парираа до средината на првиот дел, на моменти водеа, но мотивираните ракометарки на Пелистер започнаа постепено да се одлепуваат и на пауза заминаа со предност од 21:15.

Пелистер во вториот дел одработи како во последните десет минути од првото полувреме, лесно постигнуваше голови, водеше и со плус 12 и гостинките во финишот успеаја само да ја намалат негативата.

Најефикасна во победничката екипа беше Анастасија Дамјановска со девет погодоци, седум додаде Сара Рујановска.

Во таборот на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановака со осум погодоци, два помалку имаа Мила Мемов и Михаела Ангеловска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080