Македонскиот вицепрвак Куманово забележа нова победа во Женската лига, откако славеше против Овче Поле Славјански Универзитет со 38:14.
Избраничките на Славиша Димитријески одиграа одлична одбрана во првото полувреме и примија само три погодоци, а постигнаа дури 16 и го решија победникот.
Во вториот дел шанса за настап добија сите од клупата на двете екипи и немаше никакви возбудувања на теренот, а Куманово на крајот славеше со 24 гола разлика.
Најдобри стрелци во составот на вицепрвакот беа Сузана Зечевиќ со девет и Сара Цветановска со седум погодоци, додека во тимот од Свети Николе се истакна Елена Вучевска со шест гола.
Во следното и последно коло во есенскиот дел од сезоната, Куманово ќе гостува кај Металург Автокоманда, а Овче Поле СУ игра дома со Гевгелија.