Репрезентацијата на Германија со победа ја започна главната фаза на Светското првенство 2023, откако во дуелот со Романија дојде до победа од 24:22 (9:12)
Романија, која во составот ја имаше и една од најдобрите ракометарки на светот, искусната Кристина Неагу, сепак, и нејзиното присуство не беше од голема помош.
Германија во главната фаза пренесе четири бода и со денешниот триумф стигна до шест бода и си направи голем исчекор за четвртфинале.
Најефикасни во репрезентацијата на Германија беа Лот и Дол кои имаа по четири погодоци, додека кај Романија се истакна Буцески со осум гола.
Унгарија немаше проблеми против Сенегал, дојде до убедлива победа од десет гола разлика, 30:20 (14:8).
Со победата над Сенегал, репрезентацијата на Унгарија моментално е првопласирана во првата група со шест бода.