Македонскиот шампион Ѓорче Петров во јануари 2024 година ќе го одигра двомечот од осминафиналето во Европскиот Куп.
Ривал на „лавиците“ од Ѓорче Петров е чешкиот Хазена Кинжварт, а Европската ракометна федерација веќе ги потврди термините за двата натпревари.
Првиот натпревар за место во ТОП 8 е на програмата на 13 јануари во салата во Автокоманда со почеток во 18:00 часот.
Реваншот ќе се одигра на гостински терен во салата „Д-Продукт“ во гратчето Чеб на 20 јануари со почеток во 18:00 часот.