🔴ВО ЖИВО🔴Еурофарм Пелистер – Загреб

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес ќе имаат нов предизвик во Лигата на шампионите.

Пелистерци во рамки од 10. коло за ривал го имаат Загреб, кој во претходното коло беше подобар од ПИК Сегед.

Македонскиот шампион во досегашниот тек од сезоната не освои ни бод и токму против „плинарите“ ќе атакува на првата победа во европската елита.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток од 18:45 часот, а може да го  гледате ТУКА и ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.