ЅВЕЗДА НА 7 КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – СИМОНА ГРУЈОВСКА (КУМАНОВО)

Голманката на Куманово, Симона Грујовска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 7. коло во Женската лига.

Младата голманка беше една од најзаслужните за победата на вицепрвакот во дерби дуелот против Вардар.

Грујовска, која против својот поранешен клуб имаше 10 интервенции, освои околу 52% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

На второто место заврши искусната ракометарка на Деспина, Мери Гичева, која имаше околу 42% на анкетата.

Во конкуренција за ѕвезда на 7. коло беше и Анастасија Николовска од Ѓорче Петров.