Спартак ја освои Гевгелија

Тимот на Спартак славеше на гостувањето кај Гевгелија со убедливи 34-21 во натпреварот од 8 коло во Женската лига.

Избраничките на Велимир Мицевски уште од стартот поведоа со 6-1 и најавија дека трите бода ќе патуваат за Скопје.

Домаќинките почнаа да погодуваат, но не успеваа да се приближат на помала негатива од четири гола. На пауза Спартак водеше со 15-9.

На стартот на вториот дел гостинките се одлепија на плус осум, 17-9 и до крајот на мечот само ја зголемуваа предноста.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Михаела Ангеловска со девет и Мила Мемов со седум гола, додека кај Гевгелија се истакна Симона Динева со седум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080