Ракометарките на Пелистер ја запишаа четвртата победа оваа сезона во Женската лига, откако славеа против Астибо со убедливи 37-18, во натпревар од 7 коло.
Предводени од Моника Босилковска која постигна десет погодоци, домаќинките уште по првото полувреме покажаа дека се решени бодовите да останат дома, 19-9.
Тренерот Моника Талевска ги ротираше сите ракометари и во вториот дел противникот беше комплетно надигран.
Покрај Босилковска, во победничкиот тим на Пелистер се истакнаа Рујановска со шест гола, како и Шиниковска и Дамјановска со по пет погодоци.
Во составот на Астибо, како и секогаш доминираше Марија Анчева со 11 погодоци, а три ракометарки имаа по два гола.