Викендов се одигра и комплетираше 2. коло од кадетската женска лига.
Најинтересно беше на мечот меѓу Ѓорче Петров и Гевгелија, кој го добија домаќинките со 26-23. Јана Бошковска го водеше домашниот тим со девет погодоци, додека Бојана Басова беше прецизна седум пати за гевгелискиот состав.
Вардар ја забележа втората сезонска победа откако беше подобар од Илинден Вардар со 25-20. Домаќинките парираа на стартот, имаа и предност, но како одминуваше времето така вардарки ја преземаа контролата.
До крајот на полувремето избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева направија залиха од пет гола, 15-10. Во вториот дел само рутински ја одработија задачата до конечните 25-20.
Стружанка беше подобра од составот на Чаир со 30-22. Расположените Хана Мифтари со седум и Рона Мифтари со десет гола, беа премалку за гостите да заминат од Струга со позитивен резултат.
Стружанки поведоа со 7-1, но Чаир се врати во игра во финишот на полувремето и намали на 9-6, а потоа и на 13-11. Но следуваше огромен пад на гостинките, па избраничките на Владимир Паноски стигнаа до плус осум, 20-12 во финишот на полувремето. Вториот беше само формално одрабување на задачата.
Најдобри стрелеци во составот на Стружанка беа Маја Раткушиновска со осум и Елена Балоска со шест погодоци.
Делчево Вардар беше убедлив против Јехона со високи 44-20. Десет гола за победникот постигна Бојан Георгиевска, а по девет пати стрелаа Андреа Стоименовска и Милита Стоименовска, додека исто толку за гостинките од Гостивар даде Мила Николоска.
Кадетки, 2. коло, резултати:
Делчево Вардар – Јехона 44-20
Стружанка – Чаир 30-22
Ѓорче Петров – Гевгелија 26-23
Илинден Вардар – Вардар 20-25