Долгиот пат до СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка, почнува денеска и утре со четири од планираните пет дуели, откако беше одложен двомечот меѓу Израел и Луксембург.
Четирите, односно петте победници, во двомечите од фаза 1, ќе се пласираат во фаза 2 – дел 1 (март 2024), каде што веќе место имаат обезбедо селекциите на Литванија, Украина и Белгија.
Таму ќе бидат одиграни четири двобои, а победниците пак од овие натпревари ќе обезбедат место во последниот бараж, односно фаза 2 – дел 2 (мај 2024), каде што веќе се има пласирано и Македонија, односно 18 селекции што ќе бидат дел од ЕП 2024.
Директен пласман на СП 2025 година имаат обезбедено домаќините – Хрватска, Данска и Норвешка, како и најдоброто триo од ЕП. Остануваат уште 18 селекции, плус четирите победници, тоа се 22 што ќе формираат 11 парови што ќе бркаат билети за Мундијалот.
Квалификации за СП 2025, фаза 1:
01/11, 17:00, Турција – Италија
02/11, 18:00, Словачка – Косово
02/11, 18:40, Летонија – Естонија
02/11, 20:00, Велика Британија – Финска
Израел – Луксембург одл.