По богатиот ракометен викенд, во кој се играше насекаде низ Европа, на денешната програма ќе има само неколку дуели.
Свој настап ќе има интернационалката од Македонија, Зорица Десподовска, која со екипата на Кобержице ќе игра против нејзиниот поранешен клуб Пјотрковија.
Клубот на Десподовска, моментално, се наоѓа на третото место во полскиот шампионат, има шест од шест, ист биланс има и Заглебје, кој учествува и во Лигата на шампионите
Лидер на табелата е екипата на Љубин, која на седум одиграни натпревари не загуби бод, па така Десподовска и колешките доколку триумфираат денес против Пјотрковија, ќе ја продолжат битката за првата позиција на табелата.
Освен во Полска, денес ќе се игра и во шампионатите во Турција, Русија, Исланд и Србија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 АНАДОЛУ – ГОРЕЛЕ (ТУРЦИЈА)
17:00 КРАСНОДАР – ОМСК (РУСИЈА)
18:00 КОБЕРЖИЦЕ – ПЈОТРКОВИЈА (ПОЛСКА)
18:00 ЦРВЕНА ЅВЕЗДА – НИШ (СРБИЈА)
18:30 ПАНЧЕВО -ВРАЊЕ (СРБИЈА)
20:30 АФТУРЕЛДИНГ – ВАЛУР (ИСЛАНД)