По одличната партија на дуелот со ГОГ Гудме, Никола Митревски, се најде и во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите.
Македонскиот капитен имаше 14 одбрани на мечот кој неговиот Порто го доби со голем пресврт во второто полувреме со 32-31.
Митревски беше клучот за двата бода на Порто, ако се знае дека бранеше во второто полувреме.
Неговата двојна одбрана на зицери на ГОГ Гудме, доби место во ТОП 5 одбрани на колото, а заслужено се најде и во идеалниот тим.