ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Шампионот на гости кај дебитантот, вицепрвакот го пречекува Охрид

Денес во Македонија ќе продолжат натпреварите од 9. коло од суперлигашката конкуренција, а со дуелот меѓу Гевгелија и Стружанка ќе започне новото, 6. коло во Женската лига.

Во Автокоманда ќе се одиграат два суперлигашки дуели. Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер ќе му биде гостин на Мулти Есенс, додека во терминот од 19:00 часот вицепрвакот ќе го пречека амбициозниот Охрид.

Кај прволигашите ќе се одиграат три натпревари. Екипата на Јехона, која е на добар пат да обезбеди пласман во плеј-офот, на свој терен ќе го пречека Борец.

Тимот на Младост Богданци ќе биде гостин кај Драчево, а Шампион на свој терен силите ќе ги одмери со Преспа Вардар.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

09:30 МАКЕДОНИЈА – ЕГИПЕТ (ПРИЈАТЕЛСКИ)

12:00 ГЕВГЕЛИЈА – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)

14:00 ЧАИР – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)

15:30 МУЛТИ ЕСЕНС – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)

15:30 ЈЕХОНА – БОРЕЦ (МАКЕДОНИЈА)

17:30 ДРАЧЕВО – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (МАКЕДОНИЈА)

18:30 ШАМПИОН – ПРЕСПА ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)

19:00 АЛКАЛОИД – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)