Два од трите тима каде што настапуваат македонските интернационалци обезбедија место во четвртфиналето на Купот на Чешка.
Талент Плзен на Никола Костески имаше најлесна задача и славеше кај Цемент Хранице со 30-23, а десното крило даде четири гола.
Брно на Дејан Кукуловски на домашен терен беше подобар од составот на Копривнице со 27-24, а левиот бек немаше погодоци.
Маломерице Брно на Синиша Павлов загуби дома од Нове Весели со 36-20, а македонскиот интернационалец постигна три гола.
Дополнително ќе бидат познати двојките за четвртфиналето, каде е можен македонски двобој меѓу Кукуловски и Костески.