Пелистерци имаат шест негатива на пауза против Келце

Екипата на Еурофарм Пелистер губи на полувреме од Келце со 14:8 во натпревар од 6. коло од Лигата на шампионите. Пелистерци во текот на првото полувреме имаа „црна дупка во која 12-13 минути беа без реализација.

Избраниците на Талант Душебаев имаа одличен почеток во дуелот со македонскиот шампион, поведоа со 2:0 и откако домаќините намалија на 3:2, следуваше серија од 3:0 на полскиот гигант, кој по десет минути игра имаше предност од плус четири, 6:2.

Во еден момент домашната екипа имаше два исклучени ракометари, надвор од игра беа Пешевски и Костески, но гостите не ја искористија предноста со двајца ракометари плус, бидејќи голманот на Еурофарм Пелистер, Калифа Гедбан, не дозволуваше лесно да биде совладан.

Лебиот бек Гебала кон средината на првиот дел му го донесе највисокото водството дотогаш од пет гола разлика, 7:2. Пелистерци никако не можеа да фатат ритам, гостите постигнаа уште два гола во низа и во 17 минута имаа позитива од седум, 9:2.

Домаќините за третиот гол чекаа речиси 12-13 минута, па така третиот гол на домашната екипа беше постигнат преку Пешевски, кој во 18 минута намали на 9:3. Келце до крајот на полувремето ја казнуваше секоја грешка на домашната екипа, во финишот малку се опушти, но не дозволи домашниот тим да има голем напредок во играта и на полувреме замина со плус седум гола разлика, 14:8.