Ракометарите на Алборг во натпревар од 6. коло од Лигата на шампионите на свој терен триумфираа против залетаниот Колстад со 27:25 (17:12).
Норвешкиот шампион, кој во претходните две кола триумфираше против Кил и ПИК Сегед, дуелот со данскиот вицепрвак го изгуби уште на полувреме.
Алборг предводен од одличниот голман Никлас Ландин, како и од се подобриот Мадс Хоксер, од првата до последната минута беше во резултатска предност.
Колстад само на двапати го израмни резултатот во воведниот дел (1:1, 2:2) и ниту еднаш не успеа да поведе, иако во неколку моменти во првиот дел заостануваше на еден до два гола разлика.
Никлас Јакобсен натпреварот го заврши со дури 16 интервенции, додека голманот на Колстад, Торбјерн Бергеруд имаше една помалку, односно 15.
Најефикасни во победничката екипа беа Мадс Хоксер со седум и Микел Хансен со пет погодоци. Во поразениот табор единствено расположен беше Сандер Сагосен со десет реализации.
Алборг со победата над Колстад дојде до трет сезонски триумф и до два важни бода со кои останува во игра за првитр две места во групата А.