Металург РА на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле запиша важна победа од 35:26 во натпревар од 6. коло од Првата лига.
За екипата од Автокоманда денешниот триумф беше 4-ти во новата натпреварувачка сезона.
Ракометарите на Металург РА победата ја остварија уште во првото полувреме, кое што заврши во нивна корист од 18:12.
Во вториот дел сѐ одеше според планот на гостите, кои дополнително ја зголемија предноста за конечни девет гола разлика.
Најефикасни во победничката екипа беа Филип Петровски со десет и Коста Николовски со осум погодоци.
Во поразениот табор се истакна Бојан Гичев со седум реализации, пет запиша Стојанче Ристов.