Тимот на Кобержице, каде што игра македонската интернационалка Зорица Десподовска, продолжи со победите.
Во 5 коло од полскиот шампионат, Кобержице на домашент терен го совлада составот на Гниезно со 32-27.
Десподовска беше најдобар стрелец во двата тима и успеа да погоди девет пати од 12 обиди на овој натпревар.
Кобержице има пет победи на пет натпревари, а следен предизвик за Десподовска и нејзиниот тим ќе биде гостувањето кај Кожалин.