Екипата на Шампион денес се израдува на третата победа во Првата лига, откако во натпревар од 4. коло славеше на гостувањето во Струмица кај Астраион со 27:24 (14:13).
Тимот од Скопје со освоената победа останува во игра за првата позиција во рамки од групата А, во која како истакнатите фаворите се Драчево и Младост Богданци.
За Астраион ова беше прв сезонски пораз, но и струмичани остануваат во игра за горниот дел на табелата, па така до крајот на сезоната се очекува да има голема борба за пласман во прволигашкиот плеј-оф.
Најефикасни во победничката екипа беа Бојан Вренцоски и Андреј Јорданов со по седум погодоци.
Во составот на Астраион најрапсоложен беше Васе Наков, постигна 11 погодоци во гостинската мрежа.