Португалскиот шампион Порто, каде што брани Никола Митревски, не успеа да ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат.
Порто на гостински терен ремизираше со Агуаш Санташ, 32-32, во натпревар од 6 коло, во кој водеше со пет гола во првиот и со четири во вториот дел.
Првпат Агуаш Санташ поведе во финишот со 30-29, Порто направи пресврт, но не успеа да го задржат водството до крај и остана без победа.
Македонскиот репрезентативен голман бранеше во првиот дел и успеа да одбрани четири удари на домашните ракометари.
Порто сега има 17 бодови на првото место, пред Бенфика и Спортинг со по 15 бодови, но Спортинг има меч помалку и може да го преземе врвот со триумф.
Следен предизвик за Порто и Митревски ќе биде „македонскиот“ двобој со Бенфика и Талески.