Димчевски го водеше Овче Поле до триумф над Македонија ЃП

Тимот на Овче Поле ја забележа првата победа во новата сезона од прволигашката конкуренција, откако славеше дома против Македонија Ѓорче Петров со 22-16.

Во првото полувреме имаше повеќе грешки на двете страни, па домашните имаа само три гола предност, 9-6.

Во вториот дел гостите во неколку наврати намалија на минус два гола, но немаа сили во финишот за нешто повеќе.

Домашниот тим беше предводен од Иван Димчевски со седум гола, а шест за гостинската екипа постигна Максимилијан Ѓиноски.