Еурофарм Пелистер одигра одличен натпревар против бундеслигашкиот првак Кил, иако на крајот загуби со 23-20.
Тренерот Александар Јовиќ смета дека овој натпревар ќе биде пресвртница, и дека формата во иднина само ќе расте.
„Очигледно е дека напредуваме во играта, ние тоа како стручен штаб го знаевме, честитки за играчите за залагањето. Одиграме добар натпревар против најдобриот клуб во Европа. Работиме со целиот стручен штаб како да изнајдеме најдобра постава, да ги пронајдеме играчите. Нова ни е екипата, но сметам во иднина само ќе растеме. Овој натпревар ќе биде пресвртница, огромна надеж е овој натпревар. Играчите сфатија дека може да се носат со најголемите европски екипи, мислам дека ќе одиме само напред“, вели Јовиќ за 24Ракомет.
Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето кај ПСЖ на 12 октомври, а претходно ќе одиграат три меча од Супер лигата.