Германија без еден од најдобрите на домашното ЕП

Домаќинот на претстојното Европско првенство, Германија, остана без важен ракометар за континенталниот собир.

Десниот бек на Фуксе Берлин, Фабијан Виде се повреди на бундеслигашки натпревар и мора на операција.

Станува збор за скочниот зглоб, потврдија од клубот, а лекарските прогнози се дека тој нема да биде подготвен за ЕП.

Виде ќе паузира најмалку до Нова Година, а дури и да се опорави од повредата, ќе нема време да биде спремен за настап на ЕП.

Еден од ривалите на Германија на ЕП ќе биде и Македонија, а во групата се уште и Франција и Швајцарија.