Утре со натпреварот меѓу Партизан и Металург РА, натпревар кој ќе започне со почеток во 12:00 часот, се крева завесата во новата сезона кај прволигашите.
Првата лига во новата натпреварувачка сезона ќе брои 15 екипи, додека во ланската сезона се натпреваруваа две екипи повеќе, односно 17.
За разлика од минатата сезона, нов прволигаш е тимот на Радовиш, кој не успеа да го сочува суперлигашкиот статус во сезона 2022/23, додека дебитант во оваа конкуренција ќе биде тимот на Преспа Вардар.
Како што е познато, екипите во регуларниот дел од Првата лига ќе бидат поделени во две групи. Во пролетниот дел од сезоната екипите ќе се поделат на плеј-оф и плеј-аут.
Во моментот кога ќе биде потврден системот на натпреварување за Супер лигата за следната сезона, ќе биде познато и колку екипи од Првата лига ќе се пласираат во најсилното натпреварување.
Меѓу екипите што се меѓу фаворитите за место во плеј-офот се Младост Богданци, Радовиш, Бисинов, Драчево…тука се Металург РА, Јехона…а со оглед на изедначеноста на екипите не чекаат интересни натпревари оваа сезона. Најдобрите четири екипи од двете групи ќе обезбедат пласман во плеј-оф фазата.
Група А: Драчево, Младост Богданци, Астраион, Шампион, Текстилец, Јехона, Борец, Преспа Вардар
Прво коло, распоред:
23/09, 17:00 часот, Астраион – Преспа Вардар
23/09, 18:00 часот, Младост Богданци – Текстилец
24/09, 12:00 часот, Шампион – Јехона
24/09, 12:00 часот, Борец – Драчево
Група Б: Радовиш, Металург РА, Македонија ЃП, Кичево, Овче Поле, Бисинов, Партизан
Прво коло, распоред:
23/09, 13:00 часот, Партизан – Металург РА
23/09, 19:00 часот, Радовиш – Овче Поле
24/09, 16:00 часот, Кичево – Македонија ЃП
Бисинов – слободен
Минатата сезона од прволигашкиот плеј-оф директен пласман во Супер лигата обезбедија Мулти Есенс и Аеродром. Екипата на Драчево играше бараж дуел со Вардар Неготино, но не успеа да влезе меѓу најдобрите македонски клубови.