Ракометарите на Прилеп во рамки од второто коло од Супер лигата за ривал го имаат тимот на Пролет.
Прилепчани во првото коло го изненадија Бутел Скопје, триумфираа со 28:27, па посакуваат да врзат две стартни победи.
Голманот на Прилеп, Иван Ангелески, ги сподели своите очекувања за дуелот со Пролет и се надева дека неговиот тим ќе продолжи во победнички ритам.
,,Екипата на Пролет е искусна и квалитетна екипа, која секоја година е во горниот дел на табелата, поради тоа треба да го дадеме максимумот, да влеземе мотивиранни во неделниот дуел и да очекуваме поволен резултат. Во првото коло го совладавме тимот на Бутел Скопје, сметам дека овие две екипи се со сличен квалитет и секако дека можеме да ја оствариме целта и со три бода да се вратиме од Скопје. Пролет е одлично анализиран, екипата добро е покриена на сите позиции и сметам дека треба да бидеме фокусирани и мотивирани и да атакуваме на победа”, изјави Ангелески.
Дуелот меѓу Пролет и Прилеп ќе се одигра в недела (17 септември) во спортската сала „Македонско Сонце“, со почеток од 18:00 часот. Влезот за сите љубители е слободен.