Ракометарите на Вардар порано од предвиденото ќе го одиграат натпреварот од второто суперлигашко коло против Бутел Скопје.
Поради дербито од првото коло кое е закажано на 17 септември против Еурофарм Пелистер, вардарци ќе играат порано против Бутел, со кој ги заменија домаќинствата.
Иако требаше да гостува Вардар, денешниот натпревар од 18:30 часот ќе се игра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, па „црвено-црните“ ќе бидат во натпреварувачки ритам пред дербито.
Тимот повторно ќе го водат Стојан Петрушевски и Столе Стоилов во отсуство на суспендираниот Владо Недановски.
Дербито против шампионот Еурофарм Пелистер е на програмата в недела од 19:45 часот.