Тимот на Мешков Брест го освои трофејот во Супер Куп натпреварот во Белорусија, втора сезона по ред.
Избраниците на некогашниот стратег на Вардар, Едуард Кокшаров, славеа на домашен терен против големиот ривал СКА Минск со 32-30.
Клубот од главниот град водеше со четири гола на полувремето, 19-15, но во вториот дел Мешков Брест направи комплетен пресврт.
За најкорисен играч на натпреварот беше прогласен екс пелистерецот, десниот бек Невен Стјепановиќ кој постигна седум гола.
Најдобар стрелец кај победникот беше Александар Шкуринскиј со осум погодоци, додека кај СКА Минск, Кривенко даде седум гола.