ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Павлов и Ферлах на дерби дуел со Фајверс

Македонскиот интернационалец Хари Павлов денес ќе го одигра својот прв натпревар во новата натпреварувачка сезона.

Младиот ракометар, кој настапува за австрискиот суперлигаш Ферлах, го пропушти првото коло во тамошното натпреварување.

Тимот на Ферлах за ривал во рамки од второто коло го има Фајверс и се очекува на овој дуел минутажа да добие токму екс членот на Прилеп.

Освен во Австрија, денес ќе се игра и во шампионатите во Данска, Шведска, Норвешка…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:15 СОЛА – ФАНА (НОРВЕШКА)

19:00 БАЛИНГЕН – ШТУТГАРТ (БУНДЕС ЛИГА)

19:00 ХОРСЕНС – ИКАСТ (ДАНСКА)

19:00 АРАНАС – САВЕХОФ (ШВЕДСКА)

19:30 ФЕРЛАХ – ФАЈВЕРС (АВСТРИЈА)

20:00 КОПЕНХАГЕН – ОДЕНСЕ (ДАНСКА)