Поранешниот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, конечно се израдува на трофеј со тимот на Подравка Вегета.
Хрватскиот вицепрвак го освои меморијалниот турнир ,,Јосип Самаржија-Бепо”, турнир кој е во организација на клубот од Копривница.
Освен Подравка, на турнирот учествуваа и екипите на Будуќност од Црна Гора и Крим Мекатор од Словенија. Двете екипи се редовни учесници во Лигата на шампионите.
Со оглед на тоа дека настапуваа само три екипи, немаше разигрување за пласман, па така Подравка со победата над Будуќност и ремито против Крим, го освои 17. издание на меморијалниот турнир ,,Јосип Самаржија-Бепо”.
На второто место заврши екипата на Крим Мекатор, додека Будуќност на Бојана Поповиќ на третото место.
Подравка минатата сезона имаше сезона за заборав, освен што не успеа да ја симне Локомотива Загреб од тронот, имаше лоши резултати на европска сцена.